Веќе извесно време познато е дека младинската екипа на Шкендија во првата рунда од Лигата на Шампионите силите ќе ги одмерат со соодветната екипа на Хајдук, на балканскиот гигант од Хрватска.
Од денеска се знаат и термините кога се игра двомечот. Првиот дуел Шкендија ќе го одигра како домаќин во Скопје и тоа на 30 септември во 14 часот, додека реваншот е закажан за 20 октомври во Сплит со почеток во 17 часот.
Инаку ова е трет настап на Шкендија во младинската Лига на Шампиони во својата клупска историја.