ОФИЦИЈАЛНО: Барса го купи рекордерот на турското првенство

1489

Барселона го објави трансферот на 17-годишниот Емре Демир кој доаѓа од редовите на Кајзериспор. Тој е офанзивен играч за врска кој има силна лева нога, а потпиша договор до 2027 година со тоа што двете страни се договорија фудбалерот да остане во Кајзери до крајот на сезоната, а потоа да се пресели на „Ноу Камп“.
„Каталонците“ за турскиот фудбалер ќе платат 2 милиони евра, а откупната клаузула на „Ноу Камп“ ќе биде 400 милиони евра!? На почетокот ќе игра во Б тимот, а пред неколку години бил на проби во школата на Барса.
Инаку Демир дебитирал во турската Суперлига на 15 години. а првиот гол го постигнал на 15 години и 299 денови што претставува рекорд во најсилната турска лига.

 

ПретходноТри гола за Манасков, неговиот Веспрем загуби од Киелце
СледноСосиедад со пресврт славеше кај Гранада (видео)