Сосиедад со пресврт славеше кај Гранада (видео)

91

ФОТО> Real Sociedad Fútbol

Екипите на Сосиедад и Бетис забележаа победи на гостувањата кај Гранада односно Осасуна во 6. коло на Ла Лига. Сосиедад имаше доста проблеми на „Нуево Лос Карменес“ затоа што Гранада поведе со гол на Санчез во 9. минута. Сепак „сино-белите“ во второто полувреме од 52. до 60. минута го свртеа резултатот во своја корист со головите на Елустондо и Мерино. Десет минути подоцна Миља изедначи од пенал, за во финишот на мечот Елустондо со својот втор гол да ја донесе четвртата победа за Сосиедад оваа сезона која го искачи на третата позиција.

Гранада која и откина бод на Барса пред неколку денови, сега е на 18. место и се уште нема победа.

Бетис славеше со 3:1 во гости со головите на Хермосо, Хуанми и Вилијан Хосе.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Барса го купи рекордерот на турското првенство
СледноНаправи финта, доби жолт картон! Нејмар полуде: Ова е крај на убавиот фудбал