Чекаше да му се роди ќерка, па изнајми хеликоптер за да стигне на време за мечот

664

Лидс играше против Фулам во Лига купот, а мечот заврши без голови по што се прејде кон изведување на пенали во кои подобар беше тимот од Јоркшир и се пласира во наредната рунда. А на теренот се појави и Даниел Џејмс, новакот кој дојде од Манчестер Јунајтед ова лето. Велшанецот пристигна на стадионот само неколку часа пред стартот на натпреварот. Поточно долета!

На денот на натпреварот Џејмс останал во Манчестер и чекал неговата сопруга Риа да се породи. Детето се родило нешто подоцна, па останале уште четири часа до почетокот на мечот (со автомобил има четири часа возење од Манчестер до Лондон, а фудбалерите мора да бидат на стадионот најмалку два часа пред почетокот на натпреварот). Па Џејмс изнајмил хеликоптер и пристигнал за еден час!

Тренерот ми рече да останам во Манчестер. Но сакав да бидам на теренот и одлучив да дојдам во Лондон. Биелса имаше разбирање и ме стави во игра. Бев спремен да помогнам. Дојдов со хеликоптер затоа што со ништо друго немаше да стигнам на време. Интересен момент кој ќе го паметам цел живот“, изјави Џејмс.

 

ПретходноНаправи финта, доби жолт картон! Нејмар полуде: Ова е крај на убавиот фудбал
СледноМитревски со неколку одбрани во финишот го однесе Порто до победа над Флензбург