Канаваро не е повеќе тренер на Гвангжу

267

Прославениот италијански фудбалер Фабио Канаваро, кој го водеше тимот на Гвангжу до титула и до трофејот од Супер-Купот во Кина, ја напушти позицијата откако двете страни се договорија за спогодбен раскин на договорот.

Канаваро се реши да замине откако тимот остана без главниот спонзор, кој се откажа поради големата финансиска криза.

Некогашниот стопер на Јувентус, Интер и Реал Мадрид беше во два наврати во Гвангжу. Првиот пат во сезоната 2014/15 и од 2017 до сега.

ПретходноМилован Петровиќ потпиша за Радник Сурдулица
СледноТухел: Сезонава сакаме да освоиме сѐ