Екипата на Наполи има неверојатно добар старт на Серија А. Во петтото коло ја запиша и петтата победа, а овојпат е совладана Сампдорија во гости со 4:0. Виктор Осимен постигна два гола, по еден во секое полувреме, Руиз и Зелински го комплетираа резултатот. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 68. минута.
Ова е трет пат Наполи да почнува со сезона со пет победи по ред. Првпат во 1987/88, а вториот пат во 2017/18.
Наполи е лидер, а Сампдорија е на 13. место.
Во ист термин се одигра и уште еден меч од 5. коло. Торино и Лацио одиграа 1:1. Пјаца донесе водство за Торино во 76. минута, а изедначи Имобиле во 93 минута од пенал.