И во САД има проблеми со вакцинацијата против Ковид-19 и тоа кај врвните спортисти. Имено по одлуката на раководството на НБА, во која стои дека пред стартот на новата сезона сите кошаркари мора да се вакцинираат, Ендрју Вигинс, членот на Голден Стејт, бара начин тоа да го избегне. Имено тој во молбата да не се врши вакцинација против Ковид-19 навел дека тоа го бара од религиозни причини.
Во случај Вигинс да не може да настапува за Голден Стејт, тоа него според договорот ќе го чини по 350.000 долари од натпревар.