ППД Загреб пред стартот на новата сезона од страна на стручњаците на ЕХФ беше сместен во Топ 10 фаворитите кои би можеле да се најде на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите.
Блескот на хрватскиот тим на Ф4 во СЕХА беше доволна причина за да Ивица Обрван и неговите момци се најдат на овој список.
Но, само по две кола „плинарите“ се судрија со суровата реалност, запишаа два порази во низа, ја продолжија црната серија во Лигата на шампионите. Верувале или не, ППД Загреб има 17 порази по ред во ова натпреварување, веќе година дена е без победа.
Кризата ја продлабочи Пик Сегед вчера, листата на тимови кои го скршиле хрватскиот тим е долга.
ППД Загреб е во група со Вардар, се наоѓа на последното место на табелата, додека македонскиот првак е на четвртото со три бода исто колку и Пик Сегед. Алборг, следниот противник на „црвено-црните“ заедно со Кил го делат врвот.