Фудбалерите на Ренова во изминатите осум кола одиграа навистина квалитетно. Ако во минатата сезона во баражот во Охрид, буквално во последните секунди се спасуваа од испаѓање, сега веќе не е така. “Гипсарите“ предводени од стратегот Ќатип Османи, заедно со Шкупи, А. Пандев и Работнички се на делба на првото место на табелата во ПМФЛ.
Во недела екипата на Ренова гостува во Штип, каде ќе ги одмери силите со Брегалница.
Џелил Абдула, искусниот дефанзивец за клупскиот сајт на Ренова истакна…
“За нас, за Ренова сезонава оди според планот. Атмосферата во тимот е одлична, па затоа јас верувам дека на неделното гостување кај Брегалница ќе продолжиме со позитивниот тренд и на играчки и на резултатски план“ потенцираше Абдула.