Ако не сака Челзи, Баерн (М) е подготвен да му понуди 10 милиони евра годишно на Ридигер

232

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер не крие дека е подготвен следната сезона да го облече дресот на Баерн (М).

Одличниот дефанзивец игра игра одлично во дресот на Челзи, веќе имал некои првични разговори со директорите на баварскиот тим, иако „сините“ му понудија нов договор вреден осум и пол милиони евра по сезона.

Ридигер верува дека вреди повеќе, па ако Баерн му даде плата од минимум 10 милиони евра, тој се сели во Минхен.

Во Баерн се уште размислуваат, но некои извори велат дека сумата од 10 милиони како плата за германскиот репрезентативец нема да биде проблем.

ПретходноБаерн лесно до петтата сезонска победа во Бундеслигата (ВИДЕО)
СледноЛајпциг на неколку недели загуби еден од клучните фудбалери