Напаѓачот на Атлетико Луис Суарез оствари љубопитен рекорд во вторникот на мечот со Хетафе. „Јорганџиите“ славеа со 2:1, а Суарез ги постигна двата гола, но посебен беше оној во 78. минута. Тоа беше изедначувачкиот гол, а велиме посебен затоа што таа беше единствената минута од регуларните 90. во која Суарез не беше дал гол.
Сега реализира и со тоа стигна до уникатен личен рекорд. Постигнал гол во секоја минута од 1-ва до 90-та минута. Уругвајскиот голгетер на контото има 661 меч, 427 гола и 238 асистенции.