Потрес во рускиот ракомет: Репрезентативци местеле натпревари, добија доживотни суспензии!

331

Нова афера во рускиот ракомет. Осум ракометари на кадетската репрезентација се обложиле на натпревварите кои ги играле на Европското првенство во Хрватска ова лето. Етичката комисија на РС на Русија го открила то, па Дмитри Кандибин, Александер Морозов, Никита Гогољев, Дмитри Фролов, Данил Дмитриев, Максим Наидунов, Максим Ермолин и Георги Кириленко добија доживотна суспензија, а можно е да добијат и затворски казни.

Се воспоставило дека оваа група на играчи биле поврзани од луѓе кои организирале обложување, а по натпреварите меѓусебно ја делеле заработувачката.

Ваква манипулација од руски играчи, Етичката комисија го смета за неприфатлива. Ова не само што го крши фер-плејот, туку значајно ја грди сликата за рускиот ракомет и спортот генерално. Ќе продолжиме да истражуваме и ќе ги гониме сите оние кои го работат ова“, изјави претседателот на Етичката комисија, Борис Кипкеев.

Првиот човек на рускиот ракомет Сергеј Шишкарјев призна дека сакал порано да го изнесе сомнителните работи со неколку докази во рацете, но пандемијата му ги поремети плановите. Но сега е време да се изнесе се на виделина.

Тој изјави дека наместени се натпреварите од групната фаза со Данска и Австрија. Русите завршија на последното 15. место.

ПретходноИнтересен рекорд – Суарез постигнал гол во секоја минутa!
СледноТоа е тоа: Кевин Њокас го има еден од најдобрите голови во Лигата на шампиони (ВИДЕО)