Револуционерна идеја: Нема враќање во својата половина ако веќе си во противничката!

967

Фудбалот како спорт е најтежок за менување на правилата. Важи за спорт кој ретко се “менува“, но доаѓа ново време, нови генерации кои посакуваат уште поголеми возбудувања. Не сакаат да гледаат посед ради посед на топката, каде стоперот и голманот ќе имаат најмногу додавања.

Па така со цел да се модернизира најпопуларниот спорт во светот, тренерот на Милан, Стефано Пиоли има револуционерна идеја.

Ако сакате повеќе напаѓачки фудбал тогаш воведето го следното правило. А тоа е ако една екипа веќе ја минала противничката половина да не смее да се врати во својата. Нешто слично како кај кошарката. Исто така добро е да се стопира времето кога топката ќе излезе во аут, а убаво ќе биде и да се воведе тајм-аут во првото полувреме“ истакнал Пиоли.

Којзнае, можеби овие негови идеји се и вредни за размислување.

ПретходноНикола Ристески си замина од Ренова
СледноДали ова е крај?:Куман суспендиран на два натпревари!