Проблеми во редовите на ПСЖ. Имено и дефинитивно е јасно дека Лео Меси нема да може да игра на утрешниот меч против Монпелје на “Паркот на принцовите“, се стравува дека Аргентинецот не ќе може да настапи и на дуелот против Манчестер Сити во 2.коло во Лигата на Шампионите, меч кој се игра во вторник исто во Париз. Лекарскиот тим на “светците“ прави големи напори да го оспособи Меси барем за дуелот со Сити, но неговиот настап бил под голем знак прашалник.
Да потсетиме дека Меси не беше во тимот на ПСЖ на последниот натпревар со Мец.