Фудбалерите на шампионот на Германија, Баерн (М), без особени проблеми славеа на гостувањето кај Гројтер Фирт во воведниот меч од 6. коло на Бундеслигата. Шампионот однесе победа од 3:1, петта за него во новата сезона во Германија.
Со голот на Милер, баварците во 10. минута обезбедија водство од 1:0, а до крајот на полувремето во листат ана стрелци се запиша и Кимих за 2:0.
На стартот на вториот дел поради остар старт од зад грб, Павар доби директен црвен картон кај гостите, но тоа не му пречеше на Левандовски во 68. минута да зголеми и на 3:0.
Почесниот гол за домашните го постигна Итен во 88. минута.