Џанлуиџи Донарума не брани во ПСЖ. Иако се чинеше дека како одминува времето, италијанскиот чувар на мрежата ќе го завземе своето место меѓу диреците на тимот од Париз, сепак, тоа не се случува, па така од „Кориере дела Сера“ доаѓа бомба.
Се пишува дека Џиџи се враќа во Италија, и тоа во тимот на Јувентус, кој што очајно бара нов чувар на мрежата откако оваа сезона Шчесни е далеку под нивото.
За него Јувентус имаше понуда уште претходно, но тој на крај се пресели во ПСЖ. Сега откако е јасно дека не е среќен поради тоа што не е прв избор на Покетино, е јасно дека би можел овој трансфер да се реализира уште во јануари.
„Кориере“ пишува дека згора на тоа Нејмар, Ди Марија и Меси биле за тоа Навас да остане на голот на ПСЖ, со што излезната врата на Џиџи е отворена, а отворена и влезната во Торино, во тимот на Јувентус.