Верстапен како последен ќе стартува во Сочи, Хамилтон со инцидент на тренингот!

166

Макс Верстапен од последното место ќе стартува на трката во Формула 1 за ГН на Русија во Сочи која ќе се одржи во недела.

Холанѓанецот прво беше казнет со три места поради инцидентот со Хамилтон во Монца, за да потоа откако го промени агрегатот за новата трка, се соочи со уште една казна. Па затоа ќе стартува од последната позиција без разлика што ќе направи во кваликациите.

Инаку на денешните тренинзи мал инцидент во тимот на Мерцедес, и тоа по вина на светскиот првак Луис Хамилтон. Тој при застанување пред тимската гаража малку го поткачи еден од механичарите.

Претходно„Арсенал потроши 58 милиони за ништо, а Манчестер за 47 го купи Варан“
СледноСавевски го објави сратениот список на ракометарки за ЕХФ Еврокупот!