Вест Хем ја одби понудата на азербејџански бизнисмен

211

Англискиот премиерлигаш Вест Хем нема да ја менува сопственичката структура, барем засега… Лондонскиот клуб денеска ја одбил понудата на ПАИ Капитал, предводен од азербејџанскиот бизнисмен Насиб Пиријев. Понудата покрај сопствеништво врз клубот вклучувала и инвестиции вклучувајќи и 150 милиони фунти за модернизирање на тренинг центарот. Во „акцијата“ учествувал и поранешниот претседател на КПР, Филип Беард, меѓутоа Дејвид Саливен еден од ко-сопствениците на „чеканите“ изјави дека сега не е време за продажба.

Според Саливен клубот фати добар пат, напредува, игра во Европа (во групите на Лига Европа) благодарение на шестото место на крајот на минатата сезона, а моментално се осми со пет бода зад лидерите Ливерпул, Челзи и Јунајтед.

ПАИ првпат разговарале со претставници на Вест Хем во февруари за да го превземат клубот, но сега раководството доби „ветер во грб“ со добрите игри и резултати, па одлучи дека не е време за продажба.

ПретходноИграчите се плашат да јадат нездрава храна пред Роналдо
СледноEKK: ШК Алкалоид одигра 3-3 со голем фаворит за титулата