Дали е можно: Наследникот на Куман, Лапорта го нашол во Франција?

733

Тренерот на францускиот прволигаш Ремс, Оскар Гарсија е еден од кандидатите за нов тренер на Барселона. 48-годишниот Шпанец моментално го предводи фрамцускиот тим кој е 15-ти на табелата во Лига 1, но деновиве наводно имал отворени разговори со раководството на Барселона за да се врати во Шпанија и да го преземе каталонскиот гигант.

Гарсија е дете на каталонскиот клуб. Од 2010 до 2012 година беше главен тренер на тимот на Барселона до 19 години и е одлично запознаен со приликите во клубот. Лапорта наводно во него гледа долгорочно решение за клупата на Барселона, бидејќи во моментов нема простор за експерименти со скапи тренери, кои реално, ќе немаат тим за највисоки дострели.

Инаку, Гарсија претходно беше тренер на Селта.

ПретходноЦ. Звезда триумфално тргна во одбрана на АБА тронот
СледноБаерн лесно до петтата сезонска победа во Бундеслигата (ВИДЕО)