Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, во среда ќе го соопшти списокот на репрезентативци кои ќе настапат на дуелите со Лихтенштајн и со Германија во октомвриските квалификации.
Ќе нема некои поголеми измени од минатиот список, а се чека на Енис Барди и на Аријан Адеми кои се на листата на повредени.
Дознаваме дека големи се шансите и двајцата да бидат во комбинација за следните два натпревари. Особено за оној со Германија кој се игра на 11. октомври во Скопје.
Многу работи ги диктираат повредите како и формата на нашите репрезентативци, но не се очекуваат некои посериозни големи промени околу новиот список на Милевски.