Извонредна партија на нашиот Нено Димитријевиќ за прва победа на неговиот нов клуб Валенсија во новата сезона на шпанската Лига Ендеса. Вечерва во меч од 2. коло, Валенсија славеше на гостувањето кај Манреса со 89:69.
Димитријевиќ одигра извонреден меч кој го заврши со 17 постигнати поени како најдобар поентер во својот тим. Нашиот репрезентативец имаше 3/4 за два поени, постигна една тројка од три обиди, а додаде и 8 поени од линијата за слободни фрлања.
Со ваков перформанс, Димитријевиќ најави дека ќе биде еден од носителите на играта на Валенсија оваа сезона.