Во пресрет на утрешното супер-дерби меѓу Челзи и Манчестер Сити во новото коло од Премиер лигата, тренерот на Челзи, Томас Тухел, ги сподели своите размислувања за пресметката со Пеп Гвардиола.
„Не толку одамна слушнав дека велат како не сум знаел да го победам Пеп. Можеби е така, но ова не е само наша конфронтација. Ние со Пеп нема да седнеме и да играме шах или тенис. Нашите тимови ќе се борат едни против други и тоа на многу високо ниво. Да бидам искрен, последните три натпревари беа многу израмнети, па такво е чувството и пред оваа средба. Малите нешта ќе бидат од корист, но потребно е малку и среќа“, рече Тухел.
Натпреварот Челзи – Манчестер Сити ќе се одигра утре на „Стемфорд Бриџ“ од 13.30 часот.