Кошаркарите на Црвена Звезда триумфално ја отворија новата сезона во регионалната АБА лига. Во битката за одбрана на регионалната титула, избраниците на Дејан Радоњиќ убедливо го совладаа Сплит со 97:61.
Најефикасен во домашниот тим беше Никола Ивановиќ со 20 поени, а притоа реализираше и 6 скока и асистенции, со четири украдени топки.
Стефан Лазаревиќ постигна 13 поени.