Дали ова е крај?:Куман суспендиран на два натпревари!

324

Роналд Куман, стратегот на Барселона не ќе може да го предводи тимот на наредните два меча. Ова е казната за тренерот на каталонците кој синоќа на мечот со Кадиз заработи црвен картон и беше исклучен. Раководството на Ла Лига го казни Холанѓанецот поради тоа што тој жестоко реагираше на една судиска одлука. Тоа значи дека Куман нема да може да ја предводи Барселона на мечевите со Леванте и Атлетико Мадрид.

Дали со ова и навистина е крај на ерата на Куман во Барселона. Денеска наголемо во медиумите во Шпанија се потенцира дека Лапорта имал разговори и со Чави и со Роберто Мартинез, па така веројатно е еден од овие двајца ќе биде наследникот на Куман.

Во врска со Мартинез се потенцира дека тој веќе ја информирал Фудбалската федерација на Белгија дека е можно негово заминување во Барселона. Во тој случај каталонците би платиле симболична отштета од 1,5 милиони евра.

ПретходноРеволуционерна идеја: Нема враќање во својата половина ако веќе си во противничката!
СледноНајтрофејниот пронајде нов клуб!