Левски тргнува по Доријан Бабунски!

579

Доријан Бабунски, Македонецот и членот на Ботев Враца, бил трансферна цел на Левски и тоа зимскиот во преоден рок. Ова денеска го пренесуваат медиумите во Бугарија, кои напоменуваат дека еден од најголемите клубови кај нашиот источен сосед по секоја цена ќе настојува да го ангажира голгетерот на Ботев Враца.

Левески Софија е подготвен да плати и отштета. Првите луѓе на клубот биле импресионирани од настапите на Македонецот во дресот на Ботев Враца. Да потсетиме дека Бабунски за неколку месеци одигра 19 мечеви во елитната лига на Бугарија и постигна пет голови.

Левски е импресиониран и од фактот дека Бабунски е производ на младинската школа на Реал Мадрид.

И на крај да кажеме дека од пред неколку недели член на Левски Софија е и Ѓоко Зајков, актуелниот репрезентативец на Македонија.

Значи “Левски“ посакува да победува на “Македонски погон“.

ПретходноЛина Ѓорческа во 1/2 финалето на турнирот во Визбаден!
СледноСпектаклот ПСЖ – Манчестер Сити без Лео Меси!?