Јубилеј на капитенот на “гипсарите“: Гафури влезе во клубот – 300!

197

Арѓент Гафури, капитенот на Ренова и еден од најдобрите фудбалери во клупската историја, на минатонеделниот меч со Струга Трим Лум го прослави својот јубилеј – 300 настапи во дресот на “гипсарите“. Јубилеј кој неоправдано не доби поголемо внимание во нашата спортска јавност.

Сепак тука се луѓето од Ренова кои на својата официјалниот ФБ објавија дека капитенот на тимот против стружани го одиграл својот 300 меч за “гипсарите“, податок кој секако дека вреди да се одбележи.

Во овие 300 меча за Ренова се сметаат сите официјални на кој Гафури настапил, и тоа во првенството, во Купот и на евро-сцената.

Инаку Гафури, кој сега има 33 години веќе 13 години е во Ренова. Дојде во Ренова од Нови Пазар, и освен шест месеци минати во Фљамуртари, тој постојано беше дел од “гипсарите“ и во времето на најславните денови на клубот, кога Ренова беше првак на Македонија и освојувач на Купот.

ПретходноСега не и чини: Сензационалната победничка на УС Опен го откачи тренерот!
СледноЦибона ја отвори новата АБА сезона со победа на гости