Тимот на Алкалоид дојде до втората победа во низа во дебитанската сезона во Првата лига, на гостински терен славеше против Македонија Ѓ.П со убедливи 22-36.
Ова беше уште еден лесен меч за гостите, уште по првото полувреме имаа позитива од 10-19, па до крајот им остана рутинската задача, да го приведат дуелот во своја корист. Алкалоид поведе со 5-2, па со 14-4.
Ѓорѓиев со десет гола беше лидер во редовите на својот тим, Серафимов и Тодески беа стрелци на пет гола. На другата страна Велковски и Николовски имаа по четири гола.
Во истата група Б, Голден Арт беше подобар од Металург РА со 21-43 во добро издание на Даев, кој запиша седум гола.
На останатите средби, Куманово загуби дома од Јуниор Кисела Вода со 23-27, Астраион беше подобар од Текстилец (21-18), РК Аеродром од Кичево со 43-29.