Екипата на Интер освои бод во дуелот со Аталанта во 6. коло на Серија А. Поведоа „нероаѕурите“ со гол на Лаутаро Мартинез, меѓутоа гостите од Бергамо со два брзи гола го свртеа резултатот (Малиновски и Толои).
Един Џеко изедначи во 71. минута, а потоа драма во финишот. Интер доби пенал, а Димарко го промаши за три минути подоцна Пиколи даде гол за Аталанта но по реакција на ВАР беше поништен.
Двете екипи поделија по бод. Интер има скор од 4 победи и 2 ремија, а Аталанта 3 победи, 2 ремија и 1 пораз.