Навистина неверојатно, по малку и сензацонално, се разбира во негативна смисла на зборот. Имено Томче Гроздановски (21), инаку стандарден репрезентативец и капитен на У-21 селекцијата на Македонија, од пред неколку денови е член на НК Дугопелје. Ништо необично, но само ако се знае дека овој тим е член на Втората лига на Хрватска.
Каде ли играат талентираните наши млади фудбалери? Зарем треба да се докажуваат во втора лига во Хрватска?
Зарем капитенот на У-21 треба да игра во таа лига?
Навистина не личи…
Колку за потсетување. Гроздановски пред 2,5 години направи трансфер од Кожуф во Злате Моравце, за да од овој словачки клуб, Македонецот е пратен на позајмица во НК Дугопоље.