Дури шест руски градови се подготвени да влезат во трката за организатор на Летните олимписки игри во 2036 година. Како што објавија руските медиуми, меѓу градовите кои покажале сериозна заинтересираност да се кандидираат за домаин на ЛОИ 2036 се Ростов на Дон, Владивосток, Перм, Новосибирск, Сочи и Уфа.
Властите на Ростовската област и Владивосток веќе се ангажирани во суштинската подготовка на апликацијата. Од Европа, во трката за организатор на овие Игри се очекува да се вклучат и Фиренца или Болоња од Италија, Истанбул од Турција, Лондон, Бирмингем или Ливерпул од Англија, како и Берлин (Германија) и Тел Авив (Израел).
Одлуката за тоа кој ќе биде организатор на овие ЛОИ ќе се знае во 2025 година.