Алавес го сопна шампионот и ја забележа првата победа сезонава (видео)

134

Екипата на Алавес со 1:0 го победи Атлетико на домашен терен и по шест одиграни кола го запиша првиот триумф во Ла Лига. Тимот на Чоло Симеоне влезе во дуелот како голем фаворит меѓутоа наиден на цврст ривал кој патем имаше и среќа затоа што со еден шут ја затресе мрежата на Јан Облак.

Атлетико го доживеа првиот пораз сезонава, а ова е шанса за Реал Мадрид кој доколку го совлада Виљареал ќе скокне на чело на табелата.

ПретходноЛандо Норис со пол-позиција во Сочи, Хамилтон четврти!
СледноНиколов стрела за Шериф во убедливиот триумф над градскиот ривал (видео)