Поранешната македонската репрезентативка и член на шампионските денови на Кометал Ѓ.П, Валентина Радуловиќ се врати на терените на 46 години.
Таа во триумфот на Шампион на гости кај Феникс (25-23) постигна пет гола, два запиша од игра, додека три од седум метри. Прво име беше Симона Димитриевска со осум погодоци.
На другата страна кај домашниот состав девет гола имаше Сара Рујановска, додека Королеска имаше седум гола.
Најголемото водство Шампион го имаше од шест гола (6-12), пред крајот Феникс дојде на два гола, но немаше сили за пресврт. Ова беше меч од второто коло во Женската лига,