Васоски: Не криеме дека целта на “пандевци“ е да се победи Шкупи!

289

Утре во Струмица, и тоа во вечерен термин под рефлектори, тренерска битка меѓу Александар Васоски и Гоце Седлоски. Меѓу тренерите кои пред три години заедно беа во стручниот штаб на Вардар од неговите славни денови. Утре во Струмица на стадионот “Благој Истатов“ од 18 часот се игра дербито на 8.коло меѓу Академија Пандев и Шкупи. Меѓу првопласирните екипи на табелата.

Свој коментар за “Спортмедиа“ во врска со дербито има Александар Васоски, стратегот на А. Пандев.

Искрено се радувам на вакви дерби натпревари кога се среќаваат две квалитетни екипи. Тежок натпревар за двете екипи, познати ни се амбициите на Шкупи, но исто така се знаат и нашите амбиции. А тие се освојување на една од двете титули или во најмала рака излез во Европа. Го цениме гостинот, има тим за респект, го ценам Гоце Седлоски, но исто така се цениме и себе си. Не криеме дека утре нашата цел е да се победи Шкупи. Ова нека биде дерби за уживање“ заклучи Васоски.

ПретходноГентјана Рочи растура во Финска, стигна до 25 гола сезонава!
СледноИнтер промаши пенал во финишот, а потоа ВАР го спаси од пораз од Аталанта (видео)