ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар со Глигоров на клупата мора да победи, Силекс сака пет од пет, Воска против Велешта…

441

 

Попладнево од 15 часот закажани се сите пет натпревари од ВМФЛ во западната конкуренција. Речиси сите се интересни,но во преден план се три. Пред се мечот кој се игра на “Борис Трајковски“ меѓу Вардар и Беса. Предводен од новиот стратег Никола Глигоров, кој е в.д. шеф на стручниот штаб по отказот кој го доби Горан Симов, Врадар мора по секоја цена да победи и колку толку да фати приклучок со водечките екипи, во спротивно се ќе се биде катастрофа за овој клуб.

Силекс гази ли гази. Четири меча и четири победи, сега сака и петта победа во серија. Кратовци му гостуваат на Тетекс, меч кој се игра во Боговиње. Нема да и биде лесно на четата на Горазд Михаилов, “штофарите“ играат добро на почетокот од сезоната.

Воска по двата порази со Вардар и Силекс на гостувањата, сака рехабилитација. На стадионот „СРЦ Билјанини Извори“ во соседското дерби ја дочекува екипата на Велешта.

На останатите мечеви Гостивар го дочекува Охрид, а Кораби во Дебар тимот на Кадино.

 

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

ТЕТЕКС – СИЛЕКС

ГОСТИВАР – ОХРИД

КОРАБИ – КАДИНО

ВАРДАР – БЕСА

ВОСКА – ВЕЛЕШТА

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 12

2.КОРАБИ 7

3.ТЕТЕКС 7

4.ВОСКА 6

5.БЕСА 6

6.КАДИНО 5

7.ВАРДАР 4

8.ВЕЛЕШТА 4

9.ОХРИД 3

10.ГОСТИВАР 2

ПретходноВенгер открива: Ако имаме СП на две години, квалификациите ќе се играат само во март и октомври
СледноВМФЛ – ИСТОК: Лидерот Слога (В) на гости кај Детонит, дербито во Струмица…