Гентјана Рочи растура во Финска, стигна до 25 гола сезонава!

531

Македонската интернационалка Гентјана Рочи реализираше три гола во победата на нејзиниот Купс против тимот на Ванта со 6:0 во меч од плеј-офот од финското првенство. Купс е лидер во плејофот со шест бода повеќе од второпласираниот ТиПС и е на чекор до шампионската титула (веќе идната недела може да го осигура трофејот доколку Купс освои барем бод).

Во регуларниот дел од сезоната Рочи заврши прва на листата на стрелци со 21 гол, а само во плеј-офот  даде четири што значи дека вкупно има 25 гола! Ако продолжи вака ќе ја освои златната копачка во финскиот шампионат!

ПретходноАнтиќ: Нема да го гледаме почетокот на сезоната, туку крајот!
СледноВасоски: Не криеме дека целта на “пандевци“ е да се победи Шкупи!