Манчестер Јунајтед е поразен на домашен терен од Астон Вила со 0-1 во рамките на шестото коло во Премиер-лига. „Црвените ѓаволи“ имаа шанса да дојдат до бод, во продолжението од белата точка непрецизно биеше Бруно Фернадеш.
Пред да застане на белата точка, голманот на гостите, Мартинез го испровоцира Кристијано Роналдо, му порача токму тој да го изведе ударот, ако смее. Сепак изведувачот беше друг, потег кој на крајот Јунајтед го чинеше пораз.
Martinez even told Ronaldo to take the pen man, no other PL keeper above him I’m telling you pic.twitter.com/dNezs5kuwN
— Galu (@PSGalu) September 25, 2021