Далас ќе го повлече дресот со број 41 кој го носеше Новицки

73

Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, објави дека клубот планира да одржи церемонија за повлекувањето од употреба на дресот со број 41 кој го носеше германската кошаркарска легенда Дирк Новицки. Како што забележа Кјубан, конкретниот датум ќе зависи од распоредот на самиот кошаркар.

„Ова потенцијално треба да се случи наредната сезона. Се зависи од Дирк, кој во последно време патува многу“, рече Кјубан.

Марк, исто така, во разговор со новинарите рече дека Новицки го одобрил првичниот прототип на неговата статуа, која треба да се појави во близина на арената Маверикс.

Новицки ја помина целата кариера во Далас, за кој играше од 1998 до 2019 година. Во 2011 година, Дирк му донесе на клубот прва титула во НБА шампионатот.

ПретходноВМФЛ – ИСТОК: Лидерот Слога (В) на гости кај Детонит, дербито во Струмица…
СледноШеикот Мансур издал наредба: Мбапе во јануари да се донесе во Манчестер Сити!