На Комјунити стадионот во Лондон се играше дуелот меѓу Брентфорд и Ливерпул во рамките на 6. коло на Премиер лигата и заврши без победник но со многу голови. Конечниот резултат е 3:3.
Брентфорд поведе во 27. минута со гол на Пиноцка по лоша реакција на одбраната на Ливерпул, а изедначи Хендерсон четири минути подоцна. Салах ги носи „Црвените“ во водство со гол во 54. минута, меѓутоа домашните се враќаат во игра со гол на Јанелт во 63. минута.
Пет минути подоцна Кертис Џонс одново носи предност за Ливерпул и во финишот на мечот Виса погодува за 3:3. Во 87. минута е поништен гол за Брентфорд.