Дортмунд ниту еднаш не шутна на гол и изгуби во Менхенгладбах (видео)

79

Борусија Дортмунд го доживеа вториот пораз сезонава во Бундес лигата, а овојпат загуби на гостувањето кај истоимениот тим од Менхенгладбах. „Менш“ победи со 1:0 со погодок на Закарија во 37. минута.

„Милионерите“ одиграа очајно, од 40 минута и со фудбалер помалку поради црвен картон на Дахуд, го немаа Ерлинг Халанд во нападот… Не упатија ниту еден шут во рамките на голот на противникот па и заслужено загубија. Ривалот за нијанса беше подобар и тој погодок во првото полувреме им ги донесе трите бода.

Менш ја запиша втората победа.

FOTO> Twitter/Gladbach

ПретходноДожд од голови и реми на мечот Брентфорд-Ливерпул (видео)
СледноАлкалоид ги збриша ѓорчепетровци