Катастрофа за Вардар. Па овој Вардар ни со новиот тренер Никола Глигоров не знае да победува. Одигра со Беса, на домашен терен, само 2:2. Катастрофа, имено сега Силекс му бега дури 10 бодови и тоа по петтото коло.
Попладнево Беса поведе со голот на Лимани во 23.минута, Филип Петковски со два гола направи пресвртм, но гостите не се предаваа и со голот на Бекир во 90.минута успеаја да дојдат до бод.
Затоа Силекс не знае за доста. Успеа да дојде до петата победа во исто толку мечеви во ВМФЛ -ЗАПАД. Со головите на Алиу и Дуков момците на тренерот Горазд Михаилов го победија Тетекс на гости со 2:0.
Воска Спорт им се врати на победите. Цехот го плати Велешта. Четата на стратегот Раде Цицмиловиќ со 4:0 го “торпедираше“ соседот во меч во кој стрелци за Охриѓани беа Алии, потоа два гола даде Фета а Салиу ги постави конечните 4:0. Кораби со 1:0 го совлада Кадино. Додека Гостивар со 2:1 го победи Охрид.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 5.КОЛО
ТЕТЕКС – СИЛЕКС 0:2
ГОСТИВАР – ОХРИД 2:1
КОРАБИ – КАДИНО 1:0
ВАРДАР – БЕСА 2:2
ВОСКА СПОРТ – ВЕЛЕШТА 4:0
ТАБЕЛА
1.СИЛЕКС 15
2.КОРАБИ 10
3.ВОСКА СПОРТ 9
4.БЕСА 7
5.ТЕТЕКС 7
6.ВАРДАР 5
7.КАДИНО 5
8.ГОСТИВАР 5
9.ВЕЛЕШТА 4
10.ОХРИД 3