Попладнево се одиграа и сите пет мечеви во ВМФЛ – ИСТОК. Тимот на Каменица Саса, предводен од тренерот Горан Здравков успеа да го добие дербито во Струмица и тоа на гости кај Беласица со 1:0. Голот беше дело на Дарко Алексовски – Пеле.
Ова се големи и значајни бодови за Саса која продолжува со одлишните игри сезонава.
Победа немаше милост кон Осогово. Го победи дури со 6:0. Спиркоски и Бошески постигнаа под два гола, а по еден Најдов и Јошески.
Кит Го со 1:0 го совлада Кожуф, стрелец на победничкиот гол беше Бобан Ангелов во 89.минута. Со истиот резултат славеше и Тим Локомотива против Братство. Во последниот меч, кој нешто подоцна започна, Детонит со 2:1 ја победи Слога Виница, иако виничани имаа предност од 1:0 на полувремето.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 5.КОЛО
ТИМ ЛОКОМОТИВА – БРАТСТВО 1:0
ПОБЕДА – ОСОГОВО 6:0
ДЕТОНИТ – СЛОГА (В) 2:1
БЕЛАСИЦА – САСА 0:1
КИТ ГО – КОЖУФ 1:0
ТАБЕЛА
- КАМЕНИЦА САСА 13
- СЛОГА (В) 12
- ПОБЕДА 10
- БЕЛАСИЦА 10
- КИТ ГО 9
- КОЖУФ 4
- ТИМ ЛОКОМОТИВА 4
- ДЕТОНИТ 4
- ОСОГОВО 4
- БРАТСТВО 1