Капитенот на У-21 на Македонија ја продолжи кариерата во втората лига на Хрватска!!!

2232

Навистина неверојатно, по малку и сензацонално, се разбира во негативна смисла на зборот. Имено Томче Гроздановски (21), инаку стандарден репрезентативец и капитен на У-21 селекцијата на Македонија, од пред неколку денови е член на НК Дугопелје. Ништо необично, но само ако се знае дека овој тим е член на Втората лига на Хрватска.

Каде ли играат талентираните наши млади фудбалери? Зарем треба да се докажуваат во втора лига во Хрватска?

Зарем капитенот на У-21 треба да игра во таа лига?

Навистина не личи…

Колку за потсетување. Гроздановски пред 2,5 години направи трансфер од Кожуф во Злате Моравце, за да од овој словачки клуб, Македонецот е пратен на позајмица во НК Дугопоље.

ПретходноСпектакуларно: Во обложувалница уплатиле 12 а заработиле 400.000 фунти!
СледноСлатка одмазда, Сити триумфално на “Стемфорд“, а Јунајтед и Роналдо тотално разочараа! (ВИДЕО)