Лајпциг конечно заигра како треба, ја наполни мрежата на Херта (видео)

97

Екипата на Лајпциг конечно заигра како што треба и што е најважно победи. Лајпциг кој е сметан за еден од фаворитите за титулата лошо ја почна сезоната, имаше само една победа до пред ова коло, а на последните три меча запиша два порази и едно реми.

Денеска се разигра и буквално ја растури Херта. Ја победи со 6:0! Нкунку, Полсен и Мукиеле погодија во првото полувреме, а Форсберг, Хаидара и повторно Нкунку во вториот дел.

Баер Леверкузен со гол на Вирц во 62. минута го совлада Мајнц, а со ист резултат Унион беше подобар од Арминија Билефелд. Ајнтрах и Келн одиграа 1:1, а Хофенхајм го победи Волфсбург со 3:1.

Вечерва играат Менхенгладбах против Дортмунд.

ПретходноИСТОК: Дербито за Саса со голот на Алексовски, Победа со “шестка“ го поздрави Осогово…
СледноАмериканката на Баскет Кам со маска на терен (ФОТО)