Драган Бајиќ и неговата Игокеа триумфално ја отворија новата сезона во АБА-лига. Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација на стартот славеа тесно против Борац со 91-89.
Добрата игра во последната четвртина им донесе победа на Бајиќ и неговите момци, кои претходно имаа голем пад во третиот период (19-31).
Со серија од 13-0 на стартот на последните десет минути, поведоа со 79-75, а во самиот финиш Робинсон реализираше за голема радост во редовите на Игокеа. Токму овој кошаркар заедно со Старкс беа први стрелци, двајцата постигнаа по 15 поени.