МЗТ Скопје одново го остави Работнички со празни раце – го освои Суперкупот (ФОТО)

291

МЗТ Скопје е освојувач на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“. Актуелниот првак го совлада градскиот ривал Работнички со 79-75 во одличен натпревар. Во „Кале“ се одигра драматичен меч, тимот од Аеродром имаше шанси да го реши многу порано, но им дозволи на центарци да се вратат за неизвесност до самиот крај.

Адем Мекиќ со 27 поени беше прв стрелец, Дамјан запиша 16 поени, на другата страна Мустафица реализираше 24 поени, еден помалку имаше Емерсон.

Двата тима влегоа хаотично во овој дуел, подобро на стартот се снајде Работнички, поведе со 0-5, а потоа и со 4-10. На другата страна актуелниот првак успеа да се фати некако приклучок, дојде на 8-10. Избраниците на Тони Симиќ на крилата на Емерсон и Данаиловски поведоа со 10-17. По првата четвртина беше 18-18.

И во вториот период, Работнички беше во предност, тимот од Аеродром премногу промашуваше, па „црвено-белите“ бегаа најмногу со шест поени. Колку значеше овој пехар за двата тима говори и техничка грешка за Тони Грнчаров, спортскиот директор на МЗТ Скопје. Не му се допадна одлуката на судиите, па избувна. Актуелниот првак постојано го бркаше резултатот, пред одморот не успеа да реализира за изедначување, па на одморот беше 36-37.

Со пет поени во низа Мустафица донесе водство од 36-42 на стартот на третата четвртина. МЗТ Скопје се разбуди, со серија од  13-0 поведе со 49-42 во 25 минута. Робев, Рикиќ, Стојановски и Дејвис беа креатори на овој неверојатен кам-бек.  Со тројката на Дамјан позитивата на условно кажана домаќинот дојде на 52-44.  Во последните десет минути актуелниот македонски првак влезе со преднсот од 67-54.

Мекиќ со тројка го продолжи убиствениот ритам на својот тим за 70-56 по само минута и пол игра во последната четвртина. Работнички врати со иста мерка, со серија од 14-2 за 72-70 во 36. минута и ја врати неизвесноста на дуелот. На другата страна МЗТ Скопје влезе во серија на грешки, налетото го прекина Мекиќ за 75-70.

Последната минута и пол минути донесе вистинска драма, со поените на Мустафица Работнички дојде на 78-76. Мекиќ ја загуби силата, не можеше сам, промаши за три поени, по двојката на Џексон, но на голема среќа и „црвено-белите“ не реализираа. По една голема мешаница, топката среќно отиде во аут и две секунди за напад на „сино-белите“.

ПретходноАлкалоид ги збриша ѓорчепетровци
СледноСимиќ: Не е ништо страшно, ниту пак нешто е загубено