Интересен гол на Миовски во 90. минута за триумф на МТК (видео)

592

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски му донесе победа на својот МТК во дуелот со Мезоковешд во унгарското првенство. Инаку МТК се извлече затоа што гостите во 60. минута утнаа пенал, па домашните во последните моменти од средбата ја затресоа мрежата и ги освоија бодовите.

За Миовски ова е четврти гол сезонава за МТК, а погоди и претходното коло против Пакс во гости.

МТК е на четвртото место на табелата по 7. кола.

ПретходноНиколов стрела за Шериф во убедливиот триумф над градскиот ривал (видео)
СледноЗАПАД: И со новиот тренер Вардар е за жалење, Силекс со нови три, Воска ја “згази“ Велешта…