Македонскиот репрезентативец Бобан Николов постигна гол за шампионот Шериф во дуелот со градскиот соперник Динамо Авто со 7:0 во рамките на молдавскиот шампионат. Нашиот репрезентативец влезе во 60. минута го постигна петтиот гол на мечот во 70. минута, а имаше уште неколку удари кои не завршија во мрежата.
Шериф покажа голема надмоќ над соседот од Тираспол кој не можеше да се поврзе и тотално се распадна пред налетот на моќниот шампион.
Тоа е негов втор гол во молдавскиот шампионат во четвртиот меч, а погоди и против Зимбру.