Одлично деби: Спировски со гол во првиот меч за Мариупол! (видео)

298

Феноменално деби на нашиот интернационалец во Украина, Стефан Спировски. Играчот за врска на нашата репрезентација, на својот прв меч во дресот на Мариупол, постигна гол и тоа во 25.минута за 1:0 на гостувањето кај тимот на Олександрија. Сепак десет минути подоцна противникот израмни на 1:1.

Спировски беше на теренот до 45.минута кога беше заменен на полувремето.

Да потсетиме дека Спировски пред неколку дена и официјално стана член на Мариупол.

ПретходноРадески: Возбуден сум што се враќам во Струмица, Шкупи оди по трите бода!
СледноСпектакуларно: Во обложувалница уплатиле 12 а заработиле 400.000 фунти!