Охрид без проблем во Радовиш, Бутел лесно во Струга

86

Охрид го запиша третиот триумф во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Радовиш славеше со убедливи 19-26. За избраниците на Раде Стојановиќ бодовите доаѓаат во вистинско време, особено по поразот од Вардар во минатото коло.

Во Радовиш не беше драматично гостите по првото полувреме имаа позитива од 7-10, истата по одморот растеше. Охрид поведе со 11-19, на другата страна домашниот тим беше немоќен.

Прв стрелец ка победникот беше Кривокапиќ со седум гола, Андоноски имаше два помалку. Кај Радовиш, Вујниќ имаше пет гола.

Претходно Бутел беше подобар на гостувањето кај Струга со 25-16. Скопскиот состав доминираше во текот на целиот меч.

Утре ќе биде комплетирано 4. коло во Суперлигата, во Скопје се игра дербито меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер, Скопје е домаќин на Прилеп, додека Металург гостува кај Тиквеш.

ПретходноЃорческа запрена во полуфиналето во Визбаден
СледноДожд од голови и реми на мечот Брентфорд-Ливерпул (видео)