ПСЖ остана перфектен и без Меси, Лион се „лизна“ дома

168

ПСЖ ја запиша и осмата победа во низа во Лига 1. „Светците“ на домашен терен го совладаа Монпеље со 2-0 и останаа единствениот тим во францускиот шампионат без пораз, имаат скор од осум победи во исто толку одиграни натпревари.

Во составот на ПСЖ на оваа средба не беше Лионел Меси поради повреда. Головите ги постигнаа Идриса Геје во 14. минута и Јулијан Дракслер пред крајот на дуелот.

Лион киксираше на домашен терен, одигра 1-1 со Лориен. Фаворитот по само 15. минути игра остана со играч помалку. Гостите поведоа пет минути по црвениот картон на домаќинот со голот на Луриенте. Конечните 1-1 ги постави Екамби во 51. минута.

ФОТО: ПСЖ/Твитер

ПретходноРеал Мадрид првпат оваа сезона не постигна гол
СледноУкраинецот го урна Џошуа пред 70 илјади Англичани, па се расплака (ВИДЕО)